Агресивните временски промени кои се најавени претставуваат сериозен стрес на телото кое се обидува да се прилагоди, велат докторите. Наглите промени на температурата кои започнаа, а се очекува да паѓа и уште пониско, неповолно ќе влијаат на здравјето, а тоа најмногу ќе го почувствуваат хронично и срцевите болни. Стручњаците советуваат терапијата во совет со лекарот, да биде ускладена со климатските промени.

Прилагодете ја терапијата
Имено наглото паѓање на надворешните температури, на многумина нема да им годи бидејќи предизвикува стеснување на крвните садови, што кај најзагрозените може да доведе до сериозни влошувања на постоечките болести. Тие може да почувствуваат слични тегоби како здравите лица, но кај нив ќе бидат повеќе изразени. Симптомите се болка во градите и главата, поспаност, вртоглавица, срцебиење, раздразливост и губење на концентрацијата. Постарите лица, како и хронично болните мораат да водат сметка и да ја ускладат терапијата за да не дојде до колапс на организмот.

Прилагодете се на новата температура
Во вакви ситуации прво треба да се почитува правилото на умереност. Лесната исхрана и понатаму е актуелна, потребно е некое време организмот да се навикне на температурните промени, па овошјето и зеленчукот кој сме ги јаделе во тек на летото, сега може да ви бидат од голема помош. Внесувањето доволно течности како вода, чај и цедени сокови е од голема важност. Физичката активност е добра ако е умерена, а добар и квалитетен сон од осум часа е неодминлив ако сакаме организмот да ги поднесе промените кои ни следуваат.
Облекувањето исто е важен фактор во чување на здравјето, а јакните се задолжителни. Секако следете ја температурата редовно и облекувајте се во склад со нејзе.

Најново на форумот

  • No posts to display.