Во пресрет на зимската сезона, сè поинтензивни се подготовките за добар изглед кожата на лицето, a секоја дама е свесна дека убавиот и свеж изглед бара континуирана нега преку целата година, не само во лето или пак во зима.

 

Едина Колашинац, сопственичка на куќата за убавина „Pleasure", која важи за професионалец во сферата на негата и убавината, сподели неколку совети за третманите кои ќе ви овозможат разгалување на сите ваши сетила :

- Нашите клиенти можат бескрајно да уживаат во освежителни третмани за лице, прекрасни парцијални и реалскирачки масажи, тука е и криолифтингот, прочуен како најинтензивна мезотерапија, која без хируршки зафат и боцкање го подобрува тонусот на кожата и ја подмладува истата. 

- Во овој период на есен и во пресрет на зимата на моите клиенти би им препорачала и микродермоабразија која е неинвазивна и нехемиска процедура која го отстранува последниот слој на мртви клетки, давајќи му на лицето здрав и младешки изглед.

- Окси третман терапијата со кислород која ги разградува старите ќелии и го регенерира поткожното ткиво, а како резултат на тие процеси се измазнуваат браздите на лицето и вратот, исчезнува двојниот подбрадок, се намалуваат подочниците и кожата е мазна и едра благодарение на стимулацијата на метаболизмот на клетките.

- Во нашиот салон клиентите можат да уживаат во солариум во единствената „Хјурикен“ капсула која комбинира 4 бранови должини на светлина. УВБ зраците на кожата и го даваат потребниот меланин и есенцијалниот витамин Д.

УВА зраците пак обезбедуваат атрактивен и неоддолив тен. Црвената колагенска светлина има подмладувачки и витализирачки ефект а сината светлина има ефект на чистење - за сончана совршена кожа без дамки. Освен тоа ако одите во солариум, можете да ги потиснете вирусите и истовремено да го зајакнете својот имунолошки систем добиен со витамин Д!

комерцијален текст

Најново на форумот

  • No posts to display.