Темпераментните луѓе кои имаат ниска отпорност на стрес, често страдаат од мигрени. Освен тоа причината може да е генетска, а појавата на главоболки  може да зависи и од полот (жените почесто страдаат од мигрени за разлика од мажите). Постојаниот стрес и нервозите исто така имаат сериозно влијание на здравјето. Покрај овие фактори, квалитетот на храна игра голема улога. Научниците откриле дека недостигот на одредени витамини и макроелементи може да е причина за појава на чести главоболки.

1. Фолна киселина и витамин Б12
Поради недоволна содржина човекот станува расеан, раздразлив и со кратка меморија. Кога ќе се појави главоболка често земаме аспирин, а тој го намалува нивото на фолна киселина и витамин Б12. За да го надокнадите овој недостиг, потребно е да јадете спанаќ, тиква, брокула, шпаргли, авокадо, репка, моркови и јајца. Трудете се овие продукти да ги сместите во секојдневната исхрана и ќе видиите дека подобро ќе се чувствувате.

2. Бакар и железо
Исто така спаѓаат во важни макро елементи. До нивни недостиг најчесто доаѓа кај жените, а тоа доведува до развој на анемија, мигрена, хипотензија, депресија и замор. Овие важни супстанции можете да ги добиете од ореви, грав, козјо сирење, авокадо, зелена салата, семки, црн дроб, алги

3. Витамин Б6
Недостигот на овој витамин доведува до развој на кардиоваскуларни заболувања. За да го спречите тоа, јадете повеќе грав, црн дроб, свеж зеленчук и житарки. На тој начин ќе го сочувате здравјето на виталните органи, како што се срцето и мозокот, а исто така ќе го зајакнете нервниот и кардиоваскуларниот систем.

4. Витамин Д
Важен витамин кој се создава во телото, кога е изложено на сонце. Во периодот есен-зима, сонце нема доволно, така што морате да се погрижите исхраната да биде богата со овој витамин, а тоа се јајца, мешунки, црн дроб, морски плодови и сите млечни производи. 
Не заборавајте дека здравата исхрана, спиењето, шетањето на свеж воздух и вежби – се клуч за здравјето и долговечноста. Здравиот начин на живот ги намалува честите мигрени и нивниот интензитет.

Најново на форумот

  • No posts to display.