Тиква е супериорна споредена со другите есенски овошја и зеленчук во однос на хранливите материи кои ги содржи. Има вредни диетални и хранливи квалитети. Сиромашна е со маснотии - на порција од 100 г содржи 26 kcal, 7 г јаглени хидрати, 2,8 г шеќер и 1 г протеини. Перидов од годината кога тиквите ги има во изобилие, лесно можете да ги стопите килограмите и да се вратите во форма. Диетата со тиква е идеална опција за оние кои сакаат да изгубат тежина и во исто време да го подобрат своето здравје. 

Тиквата како есенско- зимска исхрана е добар избор, бидејќи е богата со калиум, натриум, магнезиум, фосфор, железо, како и вредни витамини Ц, Б1, Б2. Портокаловата убавица е корисна и за разубавување, односно ќе ви даде свеж тен и сјајна кожа, благодарение на  каротеноидите кои ги содржи.

Нутриционистите советуваат да ја следите оваа диета не повеќе од една недела. Во овој период ќе изгубите 3 до 5 килограми. Препорачливо е да пиете 2 литри минерална вода. Кафето е забрането. Зелениот чај е идеална замена. Шеќерот е забранет и за време на диетата.

1 ден: 500 - 700 г зготвена тиква поделена на 4 порции (160 г по порција) се конзумира во текот на денот.

2 ден: Во текот на вториот ден, се консумира 800 г печена тиква, поделена на 4 порции.

3 ден: Салата од тиква се конзумира на третиот ден. Салата од тиква се прави од: 200 г тиква, 150 г компири, 200 г цвекло и 1 праз. Тиквата и компирот се варат, а празот се динста. Цвеклото исечено на големи коцки се додава во зготвените зеленчуци, се додаваат 3-4 лажици маслиново масло и сок од лимон по вкус. Салатата се консумира во порции во текот на денот. По третиот ден, започнувате одново.

Најново на форумот

  • No posts to display.