Вашата коса ви изгледа безживотно и нема сјај, па барате начин да ѝ го вратите убавиот изглед? Не мора веднаш да посегнувате по скапи средства, прво обидете се домашни препарати.

По миењето со шампон измијте ја уште еднаш со пиво и косата финитивно ќе стане посјајна. Протеинот од пивото ги пополнува и најситните пукнатини на влакната и испуканите врвови, па ја прави косата помека и овозможува подобро ја рефлектира светлината (поради што делува посјајно). По миењето на косата со пиво, добро исплакнете ја со вода, за да го отстраните непријатниот мирис. Бидејќи протеинот е клучен, користете некое густо пиво – како на пример „гинис“.

Честото користење препрати за обликување на косата е причина за нивното таложење на косата и поради тоа таа го губи сјајот. Во овој случај измијте ја со јаболков оцет – тоа ќе ѝ ги врати волуменот и сјајот. Со оглед дека станува збор за киселина, јаболковиот оцет ќе ги отстрани сите наслаги од препарати, но нема да ја оштети косата. Оваа постапка е најдобра да ја искористите како подготовка за нанесување некој друг препарат за нега на косата.

Најново на форумот

  • No posts to display.