За да ви изгледа убаво шминката, и долго да трае важен е изборот на пудра. Пред да ја изберете треба да одредите која формула е за вас. Ако на пример имате мрсна кожа со акни и митесери, за вас се безмасни пудри со матирачки ефект. Ако пак имате сува и дехидрирана кожа за вас идеална е пудра со хидрирачки и навлажнувачки својства.

- Стара кожа  - кога имате брчки, видливи вени и дамки по лицето, иако инстиктивно сакате да ги покриете со густа и тешка пудра со силна покривачка моќ, тоа не е најдобро решение, бидејќи таквата пудра ќе ги истакне брчките. Затоа добро е да изберете пудра со средно покривачка моќ, која ја хидрира кожата и го воедначува тенот. Не бирајте мат пудра, туку некоја со ситни рефлектирачки честички која ќе му даде свежина и блескавост на лицето.

- Сува кожа – тонираната крема со слаба покривна моќ или некоја течна пудра со хидрирачки својства. Пудра во прав или камена не се препорачливи за оваа кожа, бидејќи можат дополнително да ја исушат. Матирачката пудра на сувата кожа изгледа лошо, бидејќи ја прави безживотна и исушена.

- Мрсна кожа – задолжително изберете пудра без масло, со силна или слабо покривна моќ, зависно какво покривање е потребно за вашата кожа. Ако сакате да спречите да ви свети кожата, изберете пудра во прав, односно камена, која ќе ја нанесете преку течната.

- Проблематична кожа – кожата која е склона на акни и митесери има потреба од безмасна пудра, со уште една назнака „non comedogenic“ односно пудра која не ги затвора порите и не предизвикува нови акни, воедно ги суши старите. 

 Неколку важни факти

- Не бирајте пудра само затоа што ѝ  одговара на вашата пријателка или сестра, туку само според вашиот тип на кожа.
- Нанесувајте во многу мала количина – тенок слој.
- Најлесен начин за нанесување пудра и за зголемување на покривачката моќ е ако нанесете уште еден слој преку претходниот, по потреба.
- Пудрите со минерални масла не се добри за било која кожа.
- Пудрите со алкохол ја сушат кожата, па затоа избегнувајте ја ако кожата ви е сува, или некои нејзини делови се дехидрирани.
- Во последно време се повеќе има пудри кои содржат одреден процент силикон, што помага да се размачка пудрата полесно, да се пополнат порите, да се изедначи тенот. Ако сте алергични на оваа состојка, избегнувајте вакви пудри.

Најново на форумот

  • No posts to display.