Не мора да бидете професионалец за да постигнете беспрекорен изглед со шминката. Еве неколку трикови кои можеби звучат чудно, кога ќе ги прочитате, но се докажале како навистина успешни.

- Пред да нанесете маскара, ако користите виткач за трепки, малку загрејте го. Така ќе добиете поизразен ефект.
- Поставете пластична лажица додека нанесувате маскара, за да не ги замачкате очните капаци. На овој начин ќе можете да нанесете и подебел слој маскара,а трепките ќе бидат погусти.
- Кога нанесувате туш за очи или шминка на долниот дел од очниот капак, може да ви помогне парче селотејп со кој прецизно ќе ја ограничите површината на која нанесувате шминка.
- Усните најдобро ќе ги подготвите ако пред нанесувањето кармин ги истриете со мека четкичка за заби, а можете да направите и своја паста за пилинг, така што ќе измешате малку кокосово масло и шеќер.
- Иако многу жени на долниот раб од капакот нанесуваат црно моливче за очи, малку која знае дека употребата на бело моливче прави илузија на големи очи.
- Ако се случило да се воодушевите од некоја нијанса сенка за очи, а таа сепак да испадне поинаква кога ќе ја нанесете на очите, постои мал трик со кој можете да го решите овој проблем – едноставно нанесете бело моливче на целата површина од капакот.

Најново на форумот

  • No posts to display.