Лицето не сака ветер и ниски температури бидејќи ја сушат кожата и создаваат непријатно црвенило и брчки, а со тоа ја прават постара. За да го ублажите нивното влијание , важна е негата и тоа со неагресивни препарати. Од време на време нахранете ја кожата со витамини и минерали кои можете да ги најдете во оваа природна маска.

 

Две лажици густ јогурт измешајте го со лажица мед, лажичка сок од лимон и прстофат куркума, која секогаш се користела за убавина на кожата. Добро измешајте ги состојките да добиете компаткна смеса, која ќе ја нанесете на лицето да стои десттина минути. После тоа измијте се со млака вода и ставете хранлива крема.

Акцентот во овој препарат е на јогуртот, кој е богат со витамин А и важен е во спречување на старење на кожата.

Најново на форумот

  • No posts to display.