Се налакиравте, дувате во ноктите и чекате да се исуши лакот. А кога помисливте дека е готово, само што посегнавте да земете нешто, лакот се размачка и сега мора да го бришете, па одново да се мачкате и да чекате да се суши.

Нема жена која го нема ова доживеано, а за да не ви се повтори послужете се со овој трик за ефикасно и брзо сушење лак. Една длабока чинија наполнете ја со ладна вода и ставете неколку коцки мраз. Налакирајте ги ноктите и сушете ги една минута на воздух. Потоа ставете ги во припремениот сад и држете ги две минути. Ќе забележите дека на површината од лакот ви се собираат капки вода. Тоа значи дека лакот е стврднат.

Најново на форумот

  • No posts to display.