Акните никогаш не се пријатен призор, особено ако ве очекува некој важен состанок. Не ги чепкајте за да не ги воспалите, туку искористете некој од следните трикови:

- Ставете мала количина паста за заби дирекно на акните и оставет да делува преку ноќ. Пастата ќе ги исуши акните и ќе го забрза исчезнувањето.
- Држете коцки мраз на акните три пати дневно по неколку минути. Тоа ги намалува порите и го смирува воспалението кое е причина за појава на акни.
- Медот како природен антибиотик помага против акните ако го нанесете со памучен туфер на критичните подрачја. По 30 минути измијте се со млака вода.
- Лимоновиот сок е богат со витамин Ц и има адстригено својство, така што ги суши акните. Нанесете го памукче на акните и оставете да делува преку ноќ.
-Лукот е одличен природен лек против акни. Со исечено чешне лук протријте ги акните и после 5 минути измијте се со топла вода. Ќе постигнете неверојатни резултати. Секако ова не го практикувајте пред да излезете некаде, оти мирисот од лук потешко исчезнува.

Најново на форумот

  • No posts to display.