Ако имате проблеми со фенирањето и често косата ви е “непослушна“, наместо да биде рамна и мазна, можно е да не го знаете златното фризерско правило. 

Кога ја фенирате косата не користете само топол воздух. Ако до сега не знаевте зошто служи ладниот воздух на фенот, време е да дознаете. 
Ладниот воздух од фенот е клучен за правење постојан волумен и ја држи вашата коса рамна и обликувана. Прамените коса повлекувајте ги преку кружна четка (пречник најмалку 6 см), додека ја фенирате косата со врел воздух. Потоа пуштете ладен воздух од фенот и продолжете со четката да ги обликувате прамените. На крај оставете ја четката во косата барем 2-3 минути, па лесно извлечете ја од прамените. Така косата ќе ви биде прекрасна, рамна и мазна.

Најново на форумот

  • No posts to display.