Утринските рутини за подоготвка за на работа на сите ни се слични. Tуширање, облекување, фризура и на крај ставање дезодоранс за да го избегнете создавањето непријатен мирис на пот. Но оваа последна едноставна рутина може да стане уште поефикасна.

Дали знаете дека вашето тело во тек на мирување подобро го прифаќа дезодорансот отколку во утринските часови? Тоа значи дека, ако го нанесете пред спиење, тој во текот на идниот ден ќе има посилен ефект. Ова посебно се однесува на антиперспирантите. Средствата против потење остануваат на површината од кожата и лесно се отстрануваат при триење со материјал, па така остануваат на маицата или кошулата и прават дамки. Исто така нанесувањето на средството по туширање, кога кожата на пазувите е сè уште влажна, или на испотени пазуви, значително се намалува. Во тек на ноќта нашето тело мирува, а телесната температура паѓа. Во тој случај многу малку се потиме, пазувите се суви, а потните жлезди не се толку активни. Помалку активните жлезди подобро ги впиваат состојките од дезодоранст и со тоа го засилуваат неговото дејство. Ако се прашувате дали антиперспиrантот нанесен навечер до утрото или по утринското туширање ќе се измие, одговорот е не. Имено состојките од таков дезодоранс се активни 12 – 24 часа и тоа значи дека сте сигурни и заштитени од непријатна миризба во текот на целиот ден, па не морате да го нанесувате повеќе. Ако пак користите дезодоранс кој не е антиперспирант, можете да го нанесувате во текот на целиот ден, кога и да почувствувате потреба.