Секоја жена ќе признае дека во својата козметичка торба со тек на време додава нова маскара, бидејќи секоја од нив ветува екстра изглед на трепките. Се случува одеднаш да имате отворено по неколку маскари, со што значително им го намалувате векот на трање. За да ја спасите маскарата од фрлање лесно можете со едноставен трик.


Eднаш отворенатa маскара, без разлика на реткото користење, брзо се суши, а за да ја спасите од пропаѓање во отвореното шишенце додајте две три капки вештачки солзи или течност за одржување дезинфекција на контактните леќи. Тие ќе ја разредат структурата на маскарата, а очите ќе ги чуваат од инфекции.
Совет плус: ако сте ја потрошиле маскарата, не ја фрлајте четкичката. Добро измијте ја под млаз топла вода, втријте во нејзе вазелин и комплетно исчистете ја. Така ќе можете да ја користите за чешлање веѓи или нивно фиксирање, потоа за прецизно нанесување сенка под работ на веѓите или расчешлување на трепките и отстранување грутки од маскара.