Постојат многу причини за појава на темни дамки на кожата - бричење, депилација, убоди од инсекти, изложеност на сонце, употреба на дезодоранси и т.н. Како по некое непишано правило тие  обично се појавуваат во пределот на вратот, под пазувите и меѓу бутовите.

 

Постојат одредени козметички препарати кои помагаат да се отстранат, но не се секогаш добри и безбедни за нашето здравје, затоа што содржат хемиски супстанции. Еве еден народен лек кој кој ќе ви помогне. 

Потребно ви е:

- 1-2 лажици маслиново (или кокосово) масло, 1 лажица морска сол, 1 лажица сода бикарбона
Измешајте ги состојките додека добиете хомогена смеса. Може да направите поголема смеса и да ја чувате во стаклена тегла. Нанесете од смесата на проблематичниот дел од кожата и оставете да стои 30 минути, па исплакнете со ладна вода. Повторете ја постапката до три пати неделно, додека дамките не исчезнат.