Ако сакате да легнете на троседот, да го ставите лаптопот во скут и да сурфате на интернет без грижи, топло ви препорачуваме да се откажете од оваа навика, бидејќи станува збор за иднината на вашето потомство. Имено, новото истражување покажа дека ви-фи сигналот од лаптоп може да ги уништи малите пливачи, пишува „Менс Хелт“.

 

Научниците ставиле примероци од сперматозоиди од 29 мажи под лаптоп, кој бил безжично поврзан на интернет. По четири часа набљудувањезабележале дека четвртина сперматозоиди повеќе не пливаат, а во девет проценти од случаите има значително оштетување на ДНК.

Ова не е прва студија која покажува дека лаптопите можат да согоруваат телесни течности кај мажите. Една студија спроведена на Државниот универзитет во Њујорк покажала дека температурата во скротумот, се зголемувала за неверојатни 18,8 степени кај волонтерите кои 60 минути држеле лаптопи во скутот.

Една европска студија за плодност покажала дека зголемувањето на температурата на скротумот од само 0,6 степени може да го намали бројот на сперматозоиди за 40 проценти.

- Ако ја погледнеме поголемата слика, без оглед на изворот, секое затоплување на скротумот е многу лошо. Мажите навистина треба да избегнуваат топли бањи или загреани седишта во автомобилите, всушност, тие треба да избегнуваат сè што директно го загрева скротумот- вели д-р Лери И. Липшулц, професор по урологија на Медицинскиот факултет Бејлор.

Но, лаптопите не се единствените виновници и потенцијални масовни убијци на сперматозоидите. Има повеќе секојдневни уреди што можат да ги направат мажите неплодни.
Мобилни телефони - научниците веруваат дека зрачењето од мобилните телефони има потенцијал да ги оштети сперматозоидите. Во една турска студија, експертите подложиле сперма на електромагнетно зрачење од мобилен телефон, што резултирало со разни абнормалности во спермата - во повеќето случаи, сперматозидите не биле во можност да го оплодат јајцето.

Конзервирана храна - во овој случај, храната не е виновник, туку амбалажата во која  е спакувана. Имено, мажите кои имале висока концентрација на хемикалијата бифенол А, или БПА, имале и неквалитетни сперматозоиди во урината. Оваа хемикалија, БПА, се наоѓа во пластичните производи и се користи за обложување на конзерви. Научниците откриваат дека БПА во телото делува како женски полов хормон естроген, поради што може да ја наруши рамнотежата на машките полови хормони одговорни за производството на сперма.

Најново на форумот

  • No posts to display.