Спонтаниот абортус е болна тема на разговор. Сите знаете дека е подобро да ја прифатите оваа загуба отколку да ја игнорирате, но ако се обидувате некого да утешите по ваква загуба, мора да внимавате кои зборови ѝ ги кажувате на личноста. Погрешно избраните зброви на утеха, можат да направат поголема штета и да создадат непријатност во вашиот однос до личноста која се обидувате да ја утешите во ваква чувствителна ситуација.

 

Ако познавате некој што имал спонтан абортус и сакате да го утешите еве кои фрази не треба да ги изговарате.

„Бебето и онака не беше вистинско“

За многу жени, врската со неродено дете започнува во моментот кога ќе дознаат дека се бремени. Животот на тоа семејство тогаш веќе се менува. Иако била кратко време бремена за жената тоа бебе е вистинско и нешто многу повеќе од самата фаза на гестација.

„Барем знаеш дека можеш повторно да забремениш“

Многу жени ширум светот секојдневно се борат да забременат, а таа борба може да се поклопи со нивната болка и тага. Сепак, нема причина да се споредува еден проблем со друг.


„Ќе бидеш добро за неколку дена“

За некои жени, периодот на тага по спонтан абортус е многу краток и тоа е сосема во ред. Сепак, за некои други жалоста може да потрае и да биде комплицирана од разни причини. Затоа, да кажете некому дека сè ќе биде во ред за неколку дена, без разлика дали таа реченица доаѓа од лекар или пријател, всушност е погрешно. Психолошките последици можат да траат неколку недели, а на жената можеби ќе ѝ треба повеќе време од тоа.

„Бидете благодарни за она што веќе го имате“

Кога некој чувствува голема болка и тага, многумина од нас знаат дека зборот „издржи“ навистина не помага. Оваа фраза често им се зборува на жени кои веќе имаат едно постаро дете и во моментов се жалат на спонтан абортус. Без оглед на тоа колку деца родила жена, сосема е нормално да тагува по прекинатата бременост.

 Д.С

Најново на форумот

  • No posts to display.