Според статистичките податоци, околу 20% од луѓето се соочуваат со проблеми со неплодност или други слични проблеми кога сакаат да имаат деца. Од различни причини, оваа тема отсекогаш била тешка за консултација, а многумина се потпираат на совети од пријателите и семејството за да ја утврдат причината за проблемот. Кои се најчестите заблуди за причините за неплодност и која е вистината зад нив?

1. Од неплодност страдаат првенствено жените
Мажите можат да страдаат исто толку од неплодност како и жените. Има многу случаи кога, по разделбата на двојката без деца, жената наскоро забременува од друг маж, а поранешниот сопруг нема други деца.

2. Неплодноста е генетски наследна
Доколку жена од вашето семејство страда од неплодност или не може да забремени долго време, тоа не значи дека проблемот е генетски условен. Секој случај мора да се разгледува индивидуално.

3. Некомпатибилност во крвните групи на партнерите ја спречуваат бременоста
Некомпатибилноста на Резус факторот може да влијае не врз зачнувањето, туку врз бременоста кај мајката и здравјето на идните деца (и тоа не секогаш).

4. Само оние кои немале деца страдаат од неплодност
Секундарна неплодност кога, по раѓањето на едно или повеќе деца, не може жената повторно да забремени, е честа појава, од најразлични причини.

5. Ако жената е гинеколошки здрава и гинекологот не открие проблем, не страда од неплодност
Може да има скриени здравствени проблеми што лекарот не е во можност да ги открие за време на првичниот преглед, но кои влијаат на пример на матката, проодноста на јајцеводите и тн.

6. Проблемите со месечниот циклус може да бидат главна причина за неплодност
Болните или нередовни циклуси не се поврзани со плодноста (можноста за зачнување). Наместо тоа, тие се знаци на можна болест (како што е ендометриоза). Нарушувања во менструалниот циклус (освен целосното прекинување) не влијаат на забременувањето. Главниот услов за лесно забременување е да има овулација ( на 12-14 ден од циклусот).

7.  Способноста на мажот да ја забремени жената зависи од составот и квалитетот на спермата
Квалитетот, количината и нивото на активност на спермата, не се константни. На нив влијаат и други фактори кои произлегуваат од целокупното здравје на мажот, како и други причини – на пример земање одредени лекови.

8. Нередовниот секс е можна причина за неплодност
Неплодноста не е толку тесно поврзана со сексуалното однесување. Зачнувањето не бара чест секс, бидејќи спермата само што ќе влезе во телото на жената останува активна за следните 48-72 часа. Секако, шансите за зачнување се поголеми за време на периодот на овулација.

Неплодноста првенствено е медицински проблем, а не генетски, ментален, сексуален, итн. Нема причина да се грижите ако бременоста не се случи дури две години по почетокот на вашиот заеднички живот и имање односи без заштита. За да ги дознаете вистинските причини за неплодност, прво мора да се консултирате со гинеколог и по потреба специјалист за неплодност.

Најново на форумот

  • No posts to display.