Жените кои активно се занимаваат со спорт, треба да се внимателни, особено ако не сè уште не раѓале, бидејќи според едно истражување напорното вежбање ги намалува шансите за забременување.

Имено научниците на еден норвешки институт направиле испитување над 3000 жени и откриле дека напорните тренинзи до три пати го зголемуваат ризикот од проблеми со забременување.
Експертите се едногласни дека физичката активност е полезна за здравјето, но жените треба да се внимателни. Научниците велат дека пренапорното вежбање го истоштува организмот и му ја намалува енергијата потребна за успешно забременување.
Научниот експеримент бил изведен во текот на десет години при што било откриено дека жените кои вежбаат секој ден и оние кои имаат многу напорни тренинзи имале проблеми со забременувањето.
Највисок ризик од проблеми со забременување имало кај жените кои секојдневно имале истоштувачки тренинзи.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.