Според последното истражување, мажите кои пијат вино најмногу три пати неделно имаат поквалитетни сперматозоиди.

Научниците од полскиот медицински институт „Нофер“ ја надоврзале својата работа со поранешна студија спроведена од нивни британски колеги, кои утврдиле дека алкохолот и тутунот не влијаат на здравјето на сперматозоидите.
Учесниците во истражувањето кое го спровеле полските научници умерено конзумирале вино, што резултирало со “зајакнување“ на спермата, а центрите кои се занимаваат со контрола на болести се сложуваат дека под умерено внесување алкохол се смета, во просек, по два пијалака дневно.
Исто така откриено е и дека опуштањето во слободно време, конзумирањето на кафе и носење боксерки може да влијае на јачината на сперматозоидите.
„Резултатите до кои дојдовме покажаа дека животниот стил многу може да го смени квалитетот на оваа телесна течност“ - заклучува тимот научници.

Најново на форумот

  • No posts to display.