Овулацијата е процес во кој јајчниците ослободуваат зрела јајце клетка – фоликул, која патува низ јајцеводите и чека да биде оплодена. Најголема веројатност за забременување имате еден ден пред и пет дена по овулацијата. 

Секој месец телото се подготвува за можноста да забремените преку лачење на хормонот FSH (фоликуло-стимулирачки хормон), кој е одговорен за созревање на јајцеклетките во индивидуални фоликули лоцирани во вашите јајчници. Секој фоликул продуцира хормон естроген, кој мора да се покачи до одредено ниво за да дојде до овулација. Кога естрогенот ќе се покачи, вообичаено меѓу 12 и 18 ден по почетокот на менструацијата, тој го поттикнува лачењето на трет хормон, наречен лутеинизирачки (LH). Потребни се да поминат 24 до 36 часа пред да дојде до овулација. Откако ќе биде ослободен фоликулот патува во јајцеводите и останува во репродуктивниот тракт 12-24 часа, во текот на кој ако се сретне со сперма, ќе дојде до негово оплодување.

Што се случува по овулацијата?
Откако ќе дојде до овулација во исто време се ослободува и жолтото тело кое почнува да го лачи хормонот прогестерон, кој го спречува телото да ослободува нови јајцеклетки во тек циклусот.
Ако фоликулот не се оплоди ќе се распадне во тек на 12 до 24 часа и ќе биде реапсорбиран во телото или исфрлен во тек на менструалниот циклус.
Жолтото тело продуцира прогестерон следните 12 до 16 дена, а потоа почнува да се намалува нивото, добивате менструација и започнува новиот циклус на овулација повторно.
Ако се оплоди фоликулот, следните недели ќе патува низ јајцеводите до матката каде ќе се вгнезди и ќе почне прекрасниот процес на развој во бебе. Нивото на прогестерон во овој случај останува покачено, а тоа оневозможува да добиете менструација.

Кога сте најплодни?
Како и менструалниот циклус и овулацијата варира кај жените. Според некој просек, најчесто се случува 14 дена пред почетокот на следниата менструација. Така што ако имате регуларен 28 дневен циклус, треба да одземете 14 дена (прв ден се смета денот на последната ваша менструација). Ако пак имате циклус на 30 дена, тогаш најверојатно овулацијата ви е на 16от ден. Една петтина од жените при овулација чувствуваат абдоминална болка. Таа може да биде длабока, грчевита дури и продорна и да трае од неколку минути до два дена. Чувствителноста на градите исто така е чест симптом. Некои жени имаат и вагинален исцедок кој е чист и густ, неколку дена пред овулацијата.

Најголема шанса за забременување имате на денот на овулација, како и 24 часа претходно. Сепак спермата може да преживее и до пет дена во репродуктивниот тракт, така што ако сте имале незаштитен секс пет дена пред овулација, сосема е веројатно да забремените.

Жените со нередовен циклус можат да очекуваат овулација меѓу 11 и 21 ден од циклусот. За да сте најсигурни, посетете го својот гинеколог, кој најточно ќе одреди кога имате овулација. Ако треба освен ултразвучен преглед, ќе ве упати и на проверка на хормони преку крв.

Најново на форумот

  • No posts to display.