Жените кои работат во ноќни смени се во најголем број меѓу жените кои се обидуваат да забременат подолго  од една година. Ова го покажа едно истражување направено на 100.000 жени

и се покажа дека секоја работа која не подразбира регуларни дневни смени носи со себе ризик од пореметување во менструалните циклуси за пет проценти. Кога се во прашање спонтаните абортуси, тогаш тие се за една третина почести отколку кај жените кои работат дневни смени. 

Жените кои работат само ноќни смени за разлика од оние кои работат на пример мешани смени имаат до 80% помали шанси да забременат.
Стручните лица велат дека причина за такво нешто е во пореметувањето на производството на хормоните, температурата на телото, крвниот притисок и бројот на срцеви отчукувања.
Но тие додаваат дека не можат да ги исклучат и останатите фактори како нередовни и нездрави оброци во текот на ноќта.