Жените кои се на посебен режим на исхрана пред забременувањето, или ретко јадат појадок, поверојатно е дека ќе родат девојче, докажува една британска студија.

Ова е прв научен доказ дека количината на енергија примена од исхраната има врска со полот на идното дете, така што како што таа се зголемува поголема е веројатноста да се роди машко дете.
Научниците тоа го поддржуваат и со фактот дека во поразвиените земји каде жените почсто се на диета, има поголем процент родени девојчиња во однос на машки деца.
Експертите ова го објаснуваат со фактот дека кога во телото ќе се внесе помалку калорична храна, се намалува нивото на шеќер во крвта и тогаш делото добива сигнал за недоволно храна, па реагира по законите на еволуцијата. Односно  иако полот на детото најчесто го одредува генот на таткото, познато е дека високото ниво на гликоза во телото на мајката го поттикнува развојот на машки ембрион.
Иако механизмот на ова дејство не е докрај утврден, научниците веруваат дека мажите по природа имаат физички поактивен живот, за разлика од жените кои секогаш имале живот исполнет со помалку активности. Па ако жената внесува покалорична храна и роди машко дете, голема е веројатноста во нејзиното семејство да се родат повеќе машки од женски внуци.