Ако вашиот циклус е единственото нешто на кое обрнувате внимание кога ја планирате бременоста, не сте единствена. За повеќето жени забременувањето е голема непознаница

 

Прво основното – секоја жена се раѓа со 1-2 милиони јајцеклетки кои до првиот циклус ќе се намалат до 300,000. Ако жената овулира 500 пати во периодот од 12-52 година од животот, и ако сите тие јајце клетки не се квалитетни, она со кое останува се само неколку здрави и соодветни јајце клетки за забременување, велат стручњаците. Додавајќи на ова уште некои фактори кои можат да влијаат негативно на забремнувањето, се доаѓа до заклучот дека човечката репродукција не е толку ефективна. Само една недела во текот на секој циклус имате шанси за забременување, но секој знае дека ретко кој може да си дозволи секој месец, цела недела секојдневени односи со цел да забремени. Освен тоа зависно од возраста шансите за забременување се различни.

Од 20- 24 години
На оваа возраст жената има 90% хромозомски нормални и здрави јајце клетки кои помагаат за зачнување здраво бебе. Освен тоа возраста е предност, бидејќи врвот на плодноста се достигнува до 24 година. Жените под 25 години имаат 96% шанси за да забременат во текот на годината, ако редовно имаат односи во плодните денови. Ако мажот е под 25 години, тогаш шансите се намалуваат на 92%, бидејќи проблемите со забременување кај младите двојки се повеќе од страната на мажот. Најчесто тие лесно се решаваат и не бараат помош од специјалист, освен ако обидите за забременување не се подолги од една година.

Од 25-29 години
Во овој период шансите за забременување се 86%  во текот на една година, додека шансите за спонтан абортус се 10%, односно само малку поголеми во однос на раните 20ти. Продолжете со тоа што го правите и за една година сосема е можно да забемените. Ако се случи да се оддолжи реализирањето на целта тогаш можете да консултирате специјалист.

0д 30-34 години
Сѐ уште шансите за забременување се многу високи – до 86 % за двојки кои се обидуваат цела година. Единствена разлика е што шансите за спонтан абортус се зголемуваат на 20%. Според некои совети нема потреба да се обратите кај специјалист ако само една година се обидувате, но според други добро е да побарате стручен совет после девет месеци. Со тоа ќе можете да решите некои проблеми доколку постојат и кои е тешко да се средат после 35тата година.

Од 35-39 години
До 37та година шансите за природно забременување се одлични 15-20% во текот на еден месец или 78% на годишно ниво. Сепак 35та година е периодот кога се случуваат поголеми промени во квалитетот на јајце клетките, најчесто во хромозомите. А тоа доведува до поголем ризик од спонтан абортус, Даунов синдром или други абнормални бремености. Докторите советуваат да не се чека подолго од шест месеци за да се побар помош од специјалист. Инсеминација или друг неивназивен асистивен метод за забременување можат да помогнат, а и ИВФ третман е одличен избор.
Конечно ова е ваша последна шанса да замрзнете здрави јајце клетки и да ги искористите подоцна, ако не планирате сега да забременувате.

Од 40 – 44 години
Со возраста квалитетот и кванитетот на јајце клетките опаѓа. Во овој период се соочувате со поголеми предизвици кога е во прашање забременувањето. Еден од нив е дека по 40тата година 90% од јајце клетките се хромозомски абнормални. Асистираните репродуктивни методи се почести и тоа не само поради квалитетот на јајце клетките, туку и поради намалување на дебелината на ѕидот од матката, што ги отежнува шансите за јајце клетката да се имплантира. Жените кои се пред менопауза исто така имаат скратен циклус, што значи дека овулацијата се случува порано некаде околу деветтиот ден, па ќе мораат да ги тајмираат односите во тој период. Друго правило е на оваа возраст ако сакате природно да забремените, да имате односи секој втор ден во периодот на овулација. Добар знак дека сте пред овулација е појавата на чист прозирен исцедок, што може да ви помогне да ги тајмирате односите во тие денови. Ако по три месеци не успеете да забремените природно, побарајте лекарска помош. При тоа имајте во предвид дека ИВФ е најдобар начин за остварување на вашиот сон да станете мајка.

Над 45 години
Кај жените на 45 и повеќе години можностите за природно забременување се 3-4 %, но сепак најпрепорачливо е со помош на репродуктивен метод, од кои најчест е ИВФ. Од неколкуте јајце клетки кои остануваат голема е веројатноста поголем дел да се со хромозомски аномалии, поради што деталните испитувања се многу важни. Успехот е од 0-1 % поради што често се препорачува и користење на донирани јајце клетки , особено за жени на возраст од 46-50 години. На овој начин забременувањето е возможно и за жени кај кои започнала менопауза.

За сите возрасти
Без разлика на возраста шансите за да забремените природно се зголемуваат ако точно го одредите датумот на овулација. Таа најчесто се случува 14 дена пред следниот циклус, без разлика на должината на вашиот циклус. На пример ако имате циклус на 34 дена, овулирате околу 20от ден, а жена која има 26 дена циклус овулира на 12 ден. Знак дека се ближи овулацијата е појавата на чист проѕирен цервикален исцедок кој започнува четири дена пред да се ослободи јајцето. Планирајте ги односите пет дена пред тој датум и два дена подоцна, со што ќе си ги зголемите шансите за забременување.

Најново на форумот

  • No posts to display.