Во медиумите постојано кружат приказни за тоа како некои славни личности успеале да забременат по природен па и тоа во 40те или 50 те години, а тоа им дава лажна надеж на многу жени кои долго време се борат со стерилитетот или се обидуваат природно да забременат.

Кај нив најчесто се јавува прашањето „Ако таа актерка можеше на 47 години зошто не и јас?“, вели докторката Девора Либерман, специјалист за плодност од Сиднеј.

- Кога славните би собрале храброст и јавно би признале пред тие жени која е вистината, тогаш тие полесно ќе сфатат дека „чуда“ не се случуцаат. Така преку 50% од жените до својата 42 година веќе не може да забремени со своите јајце клетки, а до 45 година шансите за бременост по природен пат речиси и да не постојат. Затоа ако слушнете дека некоја ѕвезда забременила толку доцна можете да бидете сигурни дека е во прашање инвитро оплодување или донирана јајце клетка – објаснува докторка Либерман.

Исто така и младите жени треба да сфатат дека не се забременува баш лесно. Шансите девојката во дваесетите години да забремени секој месец се околу 20 – 25%, а веројатноста опаѓа како што минуваат годините – се намалува на само 10-15 % после 35та година од животот. До 40та година паѓа на 5%, а до 45та на 1%.

Но што е најголем проблем во целата приказна? Тоа што во 1993 година 23% од новите мајки биле над 30 години возраст, а во 2011 година тој процент се качи на 43- се‘ почесто се случува жените да го одложуваат создавањето на семејството, па забременуваат по 35та година.

За жал многу жени не сфаќаат дека Мајка Природа не ги следи нивните правила и нема да чека тие да изградат кариера, куќа од соништата, а потоа потомство.

Исто и кога е во прашање методот на вонтелесно оплодување, ни тука не се работите баш најсјајни. Не само што постапката е скапа, туку само 6,6% е веројатно дека жената по 40та година ќе забремени, а ако има 45 години, таа веројатност опаѓа на 1,2%. Причината за тоа не е во самата процедура, туку во квалитетот на јајце клетките, кои по 40та година многу потешко се оплодуваат, а ризикот од појава на компликации при развој на фетусот е многу поголем.

За жал и ако друга жена донира јајце глетка, жените во средните години потешко ќе ја износат бременоста. Повеќето жени претежно се фокусираат речиси исклучиво на самата процедура на оплодувањето, занемарувајќи го овој аспект, што е голема грешка.

Совет е да, ако имате стабилна врска, пристојни приходи, почнете со планирање на семејство што порано, а ако не ви оди од рака – наместо скапи процедури, земете подолг одмор, одете во природа и водете љубов почесто. Со тоа ќе ги зголемите шансите за создавање потомство.