Кога се соочувате со неплодност, една од најнепријатните и најтешките работи е комуникацијата со роднините и пријателите околу она кое е можеби најголемата криза во вашиот живот.

Дури и највнимателните луѓе понекогаш ќе сакаат да ви дадат „добронамерен“ совет, што вам знае да ви создаде притисок и нервоза. Еве некои прашања со кои може да се соочите и одговорите кои можат да ви помогнат да се снајдете со љубоипитните роднини и пријатели.

 

Прашање: Кога планирате да основате семејство? Знаете дека не се подмладувате!

Одговор: Ние двајцата веќе сме семејство. Сакаме деца, особено уживаме во дружбата со нашите внуци и деца од пријателите. А ако решиме да го прошириме нашето семејство, ќе ве известиме на време.


Прашање: Кога ќе престанете да се концентрирате само на кариерата и ќе почнете да размислувате за семејство?

Одговор: Не верувам дека мојата работа и проширувањето на семејството во моментов се компатибини. Кариерата ми напредува, јас сум горда со својата работа. Кога ќе почувствуваме дека е вистинско време ќе почнеме да размислуваме за семејство.

 

Прашање: Па, претпоставувам никогаш нема да станеме баба и дедо!

Одговор: Искрено се надеваме дека еден ден ќе имате внуци. Без разлика дали ќе имаме свои биолошки или посвоени деца, уште сега се радуваме на можноста да ја споделиме таа радост со вас.


Прашање: Би сакала да можеше да земеш едно од моиве деца, ме излудуваат комплетно!

Одговор: Ох, не благодарам, тогаш мене ќе ме излудуваат!

 

Прашање: Слушнав за многу успешен нов метод во лекувањето стерилитет. Зошто не го пробате?

Одговор: Можеби звучи лесно, но третманите за лечење неплодност се многу комплицирани и не значи дека треба да се експериментира со секое ново откритие.

 

Родители, ако вашите деца се соочуваат со овој проблем и ви кажале, оставете ги на мир. Не барајте од нив да дознаете сè за секој тест, процедура и лек. Кажете им дека разбирате колку им е тешко, но тука сте за нив во секој миг ако им е потребна помош и поддршка. Немојте постојано да им давате „добронамерни“ совети за тоа што е потребно за да се забремени, да им кажувате за разни трикови и некои чудни лекови.

Колку што е стресно соочувањето со стерилитетот, исто така може да биде шанса да се зближи семејството. Разбирање и соодветните коментари можат да им помогнат на вашите блиски кои минуваат низ овој болен период. Тие долго време ќе ги паметат вашата љубезност и искрена поддршка кои и ми ги давате токму во тие мигови.

Најново на форумот

  • No posts to display.