Во различните фази од циклусот женскиот организам произведува различни хормони и поминува низ многу процеси, па затоа има потреба од различни видови храна во тек на различните фази од циклусот.

Најверојатно веќе го полните организмот со здраво овошје и зеленчук, избегнувате вештачки производи, брза храна и многу маснотии, шеќери, воедно земате пренатални витмини, сè со цел да си ги подобрите шансиите за побрзо зачнување, но еве неколку екстра совети од стручњаците, за да си помогете во зачнувањето.

 

Менструална фаза

Кога ќе започне циклусот ќе се чувствувате малку нервозно, надуено, мрзоволно и раздразливо. Во оваа фаза најчесто губите железо, поради крварењето (во просек жената губи 30 – 40 мл крв во тек на циклусот од 3 – 7 дена), па затоа треба да се фокусирате на храна богата со железо. Во никој случај не ја користете оваа фаза како можност да се изедете безброј хамбургери, поради изразениот апетит и зголемена стрвост. Наместо тоа еве што треба да биде на прво место во менито:

- Месо, грав, риба, зелен листест зеленчук, семиња. Поголем дел од оваа храна е богата со железо и протеини, што е посебно важно ако страдате од ендометриоза или имате силно крварење. Освен тоа некои видови храна (како рибата, семињата и листестиот зеленчук) имаат антивоспалително својство, што може да помогне кога имате болни грчеви. Уште еден трик- јадете многу бабури, домати, брокули, киви, цитруси и друг вид храна богата со витамин Ц. Тој му помага на телото во апсорбција на железото.

Избегнувајте – ладна храна (ги влошува грчевите), алкохол, кофеин, зачинета храна, бидејќи го засилуваат крварењето.

 

Фоликуларна фаза

Во тек на оваа фаза вашето тело работи напорно за да се развијат квалитети фоликули, а при тоа се зголемува нивото на естроген. За жал, жените кои имаат проблем со фиброиди и ендометриоза често имаат премногу естроген (оваа состојба се нарекува и доминација на естроген). Зеленчукот како брокули, кељ, зелка и карфиол содржат фитонутриент познат како di-indolylmethane (DIM), кој може да ви помогне во подобар метаболизам на естрогенот- објаснуваат стручните лица. Впрочем DIM се врзува за вештачките естрогените кои ги има насекаде (како пестицидите, детергентите и сл., дури и во воздухот, според некои сознанија) и во храната (хормони во месото или дневните продукти) и му овозможува на телото да се ослободи од вишокот естроген. Не заборавајте да земате маслиново масло, авокадо, јаткасто овошје, семиња и зелен листест зеленчук. Оваа храна е богата со витамин Е, кој го има во фоликуларната течност, задолжена за чување на вашето јајце.

Внесувајте – храна која го подобрува развојот на фоликулите, како јаткасто овошје, семиња, зелен зеленчук, мешункаст зеленчук, јајца и риба.

Држете се подалеку од алкохолот. Влијае на хормоналниот баланс исто така може да предизвика дехидрација и губење на водата од организмот, а тоа ќе ја ослабне и истенчи цервикалната слуз.

 

Овулација

Како што се ближи овулацијата телото има потреба од многу Б витамин и други нутриенти за поддршка во фазата на ослободување на јајце клетката и евентуална имплементација на оплоденото јајце. Стручњаците тврдат дека цинкот може да помогне во поделбата на клетките и продукцијата на прогестеронот, а витаминот Ц е пронајден во висок процент во фоликулите по овулацијата, па може да има исто така голема улога во продукцијата на прогестерон. Есенцијалните масни киселини (ЕМК) се од голема важност во оваа фаза. Најдобар извор се омега 3 масните киселини од рибата и суплементи со рибино масло. Овие ЕМК се најпознати по подобрувањето на прокрвеноста во матката и поддршка на фоликулот при отворање и ослободување на јајце клетката, но погодете што? Тие исто така помагаат во подобар крвоток во околните зони, што ќе значи дека сте подготвени за акција. Рибиното масло го подига нивото на тестостерон во вашето тело (да и жените го имаат овој хормон) што ќе ви помогне полесно да се возбудите. А, искрено, кому не би му добродошло такво нешто кога е во о-фазата?

Затоа нафрлете се на – листест зеленчук, интегрални житарки, јајца, мешункаст зеленчук, месо, риба (или суплементи со рибино масло) и вода. Пијте многу вода. Таа игра клучна улога при транспортот на хормоните и развојот на фоликулите. Исто така ја разводнува цервикалната слуз, што ќе помогне во полесно пливање на сперматозоидите до нивната крајна цел.

Избегнувајте – храна со зголемена киселост, како алкохол, кафе, брза храна и сл., што може да ја направи цервикалната слуз непријатна за сперматозоидите. Младите моркови се одличен избор, бидејќи се алкални (спротивно на кисело). Но, според научниците, секој вид алкална храна е добредојдена особено зелен зеленчук и пченични никулци.

 

Лутеална фаза

Сега е време да се наполните со нутриенти кои го подобруваат растењето на клетките. Бета каротен, кој најчесто го има во листестиот зеленчук, како и жолта и зелена храна ( на пр. моркови, диња, сладок компир) го поддржува нивото на хормоните и го спречува раниот спонтан абортус. Впрочем жолтото тело кое помага во продукција на прогестеронот и ја поддржува бременоста, е полно со моќни нутриенти. Една храна која заслужува големо внимание во овој период е ананасот. Наместо бета каротен, ананасот содржи супстанца позната како бромелаин, познат по позитивното влијание и поддршка на имплантацијата на оплодената јајце клетка, како и по анти-воспалителните својства. Иако научниците велат дека нема направени поголеми истражувања за влијанието од јадењето ананас во тек на зачнувањето, нема штета ако го јадете, туку само можете да си ги подобрите шансите, бидејќи тој е здрава храна без негативни ефекти. Воедно стручњаците не го одобруваат земањето бромелаин како суплемент, бидејќи дозата може да биде премногу висока, а сè што го интензивира крвотокот во оваа фаза е контра-продуктивно.

Внесувајте повеќе – топла храна како супи и чорби. Лутеалната фаза е период кога телото има потреба од повисока телесна температура која помага да се одржи бременоста.

Избегнувајте – ладна и сурова храна, посебно сладолед или замрзнат јогурт. Лутеалната фаза е период кога треба да се подобри крвотокот, а тоа не може да се постигне со внесување ладна храна и ладење на телото. Едноставно, ладното предизвикува собирање на крвните садови и намалување на крвотокот.

Најново на форумот

  • No posts to display.