Родителите кои поминале низ еден успешен процес на инвитро фертилизација (ИВФ), не значи дека и за второ дете ќе мораат да поминат низ оваа втора скапа процедура. Јапонската студија извршена над 142 жени, открива дека повеќе од 18 проценти без проблем зачнале со второ бебе по природен пат.

Можни причини

Лекарите не биле сигурни зошто второто зачнување е полесно, но веруваат дека има врска со инвитро третманот, како и претходната бременост. Некои од нивните теории се:

- Израстоците во јајоводите кои најчесто се пречка за движењето на јајцеклетките, со растењето на матката поради бременоста, се кинат и намалуваат.

- Бременоста ги инхибира хормоните кои придонесуваат за ендометриоза, состојба која најчесто е одговорна за неплодност.

- Емоционалниот стрес од постојаните обиди да се забремени, се намалуваат по првата успешна бременост и раѓање на бебето.

 

Да се чека или не?

Во студијата, возраста на жените, покрај другите фактори (вклучувајќи ги типот и времетраењето на неплодноста), игра голема улога во обидите и успешноста на двојката да зачне природно. Што да се прави? Научниците предлагаат дека мајките до 33 години треба да дозволат мајката природа да го стори своето, но во рок од две години, пред да се обидат повторно со ИВФ. За разлика од нив повозрасните мајки треба што поскоро да се решат за ИВФ, ако сакаат да имаат второ дете.