Луѓето се забавуваат рушејќи ги митовите кои се појавуваат постојано. Секој си има своја теорија и методи за демистификација на митовите, некои се посмешни од другите.

Дури има и цели телевизиски емисии посветени на митовите и нивното уривање или докажување.

 

Па се поставува прашањето, што е вистина, а што мит за плодноста?

Добро е да знаете кои се некои од тие митови и кои се фактите, особено доколку го одите својот пат кон родителството.

 

Мит: Неплодноста е лимитирана само на жените

Факт: Неплодноста подеднакво ги погодува мажите и жените. Според американската асоцијација за репродуктивна медицина, една третирна од случаите со неплодност се поради женскиот фактор, а друга третина се поради машкиот фактор. Додека последната третина се случаи во кои причината е кај двајцата партнери или од необјаснети фактори.

Мит: Секоја жена може да забремени лесно

Факт: Преку пет милиони луѓе само во САД имаат проблеми со неплодноста, така то не сте сами.

 

Мит: Сè е во главата

Факт: Неплодноста е болест на репроуктивниот систем, а не е предизвикана од „несакањето“ да се забремени или недоволната желба за подомство.

 

Мит: Неплодноста ги погодува нездравите луѓе

Факт: Додека живеењето здрав живот е добар почеток ако се обидувате да забремените, тоа самото по себе не може да ја излечи неплодноста. Слабата исхрана, пушењето, пиењето и сл., може да ви пречат во забременувањето, но најголем број случаи со неплодност не се резултат на изборот на животен стил.

 

Мит: Неплодноста ги погодува постарите двојки

Факт: Способноста на жената да забремени се зголемува со возраста. Најплодни се жените од тинејџерските до 20тите години. На 35 веќе почнува забрзани да се намалува. Сепак, неплодноста може да ги погоди подеднакво мажите и жените на секоја возраст.

 

Мит: „Само опушти се и оди на одмор“

Факт: Колку пати двојките кои се борат со неплодност слушнале дека треба да се опуштат. Не само што овој совет е неточен, туку е и штетен за двојката. Екстремниот стрес може да го наруши менструалниот циклус кај жената, но стресот сам по себе не предизвикува неплодност. Додека две третини од двојките кои одат на третмани за лечење ќе добијат бебе, оние двојки кои не одат на третма имаат 5 проценти или помалку, шанси да си го исполнат сонот.

 

Мит: „Сигурно правите нешто погрешно“.

Факт: Неплодноста е состојба, не сексуално нарушување.

 

Мит: „Посвои дете и ќе забремениш!“

Факт: Ова е еден од најболните митови кои двојките ги слушаат. Едноставно не е вистина, па зошто да се дозволи да живее овој мит? Студиите откриваат дека шансите за бременост по посвојувањето дете, се подеднакви како кај оние кои не посвоиле.