Одговорот на научниците, базиран на разни истражувања, зависи од тоа што вие сметате за најдобри години. Според зборовите на Џон Мировски, социолог на универзитетот во Тексас, ако се земе во предвид биологијата, најдобри се доцните тинејџерски или раните дваесетти години. Според неговите зборови, во тој период јајце клетките се најсвежи, а репродуктивниот систем е во својот врв. Жените во дваесеттите години имаат најмалку шанси за развивање хронични здравствени проблеми кои би можеле да бидат ризични за нив или за бебето, во тие години најмал е и процентот за ризик од спонтан абортус, вонматерична бременост, мртвородени бебиња и неплодност.

Меѓутоа биолошки најдоброто време за раѓање често не е во склад со општествено најдоброто време за раѓање, посебно во општество кое е организирано околу семејства со помал број членови и жени кои работат полно работно време. Така повеќето личности во доцните тинејџерски и раните дваесетти години не се чувствуваат подготвени за родителство. Доколку бременоста се случи во тој ран период, често го следат социолошки потешкотии, а според зборовите на социологот Мировски, бременоста во раните дваесетти, најчесто се случува надвор од бракот и многу често го попречува продолжувањето на образованието.

- Луѓето репродуктивно созреваат една деценија пред да созреат социолошки – вели Мировски, а со него се сложуваат и младите од дваесет и неколку години кои тврдат дека на таа возраст сè уште се чувствуваат неодговорно и незрело за да станат родители.

Најдобрите години за раѓање можат да бидат возраста во која жената има најголема шанса за раѓање здраво дете. Така една калифорниска студија заклучува дека најдобро време за првото раѓање се 26 години, бидејќи тогаш се најмали шансите за раѓање дете со некоја аномалија. Друга студија, базирана на национални податоци, во предвид зема други фактори, поточно стапката на смртност кај новороденчињата и како најдобра возраст се покажала 32та година од животот.

Трето истражување покажало дека најдобра возраст за раѓање, што се однесува до долгорочното здравје на мајката е 31 година. Тоа било покажано во телефонско истражување спроведено над жени на возраст од 45 – 95 години. Во просек жените со најмалку постпородилни психички проблеми имале ако првото дете го родиле на 29 години. Најдобро општо здравје имале жените кои родиле на 30 години. Долгорочно добро физичко здравје имале оние кои родиле на 31 година.

Ако најдобрата возраст за раѓање се дефинира во рамките на најдолго очекуван животен век за мајка, тогаш тоа 34 година. Мировски во тек на истражувањето разговарал со 1890 мајки, ги прашал за нивното моментално здравје, вклучувајќуи ги и хроничните болести, проблеми со движење и уште некои други проблеми. Потоа ги проверил стапките за моратлитет кај жените кои имале слични животни услови, како и оние со кои разговарал и направил заклучок за најдобри години за раѓање во рамки на долгорочното здравје и морталитет кај мајките.

- Жената која родила прво дете на 34 години, најверојатно ќе биде, во здравствена смисла, 14 години помлада од жена која родила на 18 години – изјавил Мировски, а на жените во дваесеттите години кои размислуваат за тоа да го ускладат школувањето, работата, кариерата и семејниот живот им понудил совет – тие можат да чекаат оптимален здравствен исход и ако го одложат мајчинството до својата триесетта година.

Сепак ако жената сака да има повеќе деца, треба првото да го роди и пред 34 година, бидејќи за здравјето на мајката и детето, најдобро е последното дете да се роди до 35 година на мајката. Тоа всушност е и заклучок од истражување кое во 2002 година го спровел Анџело Алонзо, социолог на универзитетот во Охајо. Во тоа истражување откриено е како жените кои раѓале по 35 година имале поголем систолитички крвен притисок, поголеми нивоа на гликоза во крвта и биле со послабо општо здравје, па биле потешко подвижни подоцна во животот, за разлика од мајките кои родиле пред 35 година.