Секундарниот стерилитет се дефинира како неможност на жената да забремени по природен пат и да ја износи бременоста нормално, откако веќе има родено едно или повеќе деца

Проблемите да забремените, откако веќе сте родиле едно дете, можат да ви дојдат како шок. Претходниот пат кога решивте да го проширите семејството, сè се заврши за неколку месеци и беше навистина лесно. Но овој пат е поинаку. Се обидувате со месеци и секој пат тестот е негативен. Во што е проблемот? Овој тип на стерилитет погаѓа голем број брачни двојки.

 

Што го предизвикува секундарниот стерилитет?

Возраст – како стареат жените, нивната плодност се намалува. Жените во дваесеттите години имаат 20 – 30 % шанси да забременат секој месец, доколку имаат незаштитен однос. Во триесеттите години, тие шанси се намалуваат на 15%/ по 35 години, шансите се намалуваат рапидно, за да на возраст од 45 години, жената има само 5% шанса да забремени, секој месец.

Репродуктивни проблеми – ако знаете кои ви се плодните денови и токму тогаш планирате да правите бебе, проблемот може да биде нерегуларна овулација или слаба сперма. Дали жената овулира секој месец? Тоа можете да се провери со различни тестови. Проблемот со спермата се дознава преку разни тестови. Иако веќе имате едно дете, не значи дека и сега е се во ред со спермата. Освен тоа може да постојат проблеми со јајоводите, како запушување, инфекции, воспаленија, без разлика што веќе има родено деца. Исто така треба да ги земете во предвид и ситуациите кои ви се случиле по раѓањето на првото дете (деца), а кои можеби предизвикале стрес, траума и сл.

Ако ништо не е пречка за бременоста, правилно ги тајмирате односите, следен чекор е да направите промена во животниот стил и да побарате помош од лекар.

 

Животни навики кои влијаат на плодноста

Двојките кои се решаваат неколку месеци да го сменат начинот на живот и исхрана, со цел да ги подобрат шансите за бебе, скоро 80% имаат поголеми шанси побрзо да си го остварат сонот, од двојките кои не прават никакви промени. Тука се вклучени – здрава исхрана, вежби, откажување од цигари, заштита од надворешни штетни влијанија и сл. Ако сте ги направиле сите овие промени и пак нема резултати, време е за лекарска помош.

 

Лечење на стерилитет

Дали го идентификувавте проблемот кој ве спречува да забремените? Одете кај доктор за лечење стерилитет и не го негирајте проблемот. Колку порано ќе почнете, толку подобро.

Третмани за лечење – и кај секундарниот стерилитет, лечењето е исто како при примарна неплодност. Вашиот лекар може да ги предложи следните третмани:

- Индукција на овулација,

- Операција за отстранување на разни израстоци и непрвилности во матката,

- Хормонски терапии,

- ИВФ,

- Инсеминација.

Неможноста да забремените може да биде навистина разочарувачка. Луѓето кои веќе имаат деца и се обидуваат да имаат второ, а не успеваат, најчесто наидуваат на недоволно разбирање. Особено од луѓе кои имаат проблем со прво бебе. Впрочем веќе имате едно. Дури може некој да ви предложи да не се нервирате оти немате никаква причина, бидејќи сте благословени со едно дете. Вашето дете може сè почесто да ве прашува кога ќе добие братче или сестриче. Како да му објасните на пет годишно дете, дека се обидувате? Да се биде родител, а истовремено да се борите со стерилитет, носи голем товар и чувство на вина. Побарајте помош и разбирање од други луѓе кои веќе се соочуваат со истиот проблем и ви посакуваат што побрзо да успеете во желбата да го зголемите семејството.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.