Планирате да го проширите семејството, па ве интересира што можете да преземете за да си помогнете. Еве неколку корисни совети.

 

Запознајте ги своите циклуси

Запознајте ги месечните циклуси и своето тело. За тоа не ви треба никаква стручна помош. Што подобро научите да ги забележувате сигналите кои ви ги праќа вашето тело, полесно ќе можете да влијаете на својата плодност. При тоа ќе ви помогне и набљудувањето на промените во цервикалната слуз и останатите методи за природно планирање бременост.

 

Водете грижа за вистинскиот момент

Многу двојки ги утврдуваат плодните денови со методот мерење базална температура и убедени се дека токму мигот кога базалната температура се покачила, погоден е за оплодување. Погрешно! Тогаш е премногу доцна, бидејќи овулацијата веќе поминала. Јајцето е подготвено за оплодување само на денот од овулацијата, т.е 12 до 18 часа по овулацијата. Почетокот на плодните денови треба да го рачунате пет дена пред овулацијата, бидејќи сперматозоидите можат да преживеат најмногу до пет дена.

 

Редовно одете на лекар

Неизлечени и непознати инфекции на гениталниот тракт неретко се причина за неплодност. Така на пример, инфекцијата со кламидија е една од главните причини за проблеми со јајоводите. Кламидијата е подмолна бактерија бидејќи ретко се забележува.

 

Мажите нека ги подобрат резервите од магнезиум

Најмногу го има во соино брашно, интегрален ориз, пченични трици, семки од сончоглед, леб од интегрално брашно, леќа, ореви и минерална вода збогатена со магнезиум. Тој позитивно влијае на составот на ензимите кои можат да го спречат создвањето на супстанцијата која ги уништува сперматозодите. Високите дози магнезиум го зголемува бројот и подвижноста на сперматозодите.

 

Редовно спијте

Замената на ноќта за ден може многу да го поремети циклусот. За плодност потребна е светлост, а ноќе телото произведува мелатонин, хормон кој го ослабнува лутеинизирачкиот хормон (LH) кој се ослободува во овулацијата. Тоа значи дека може да доцни или да изостане овулацијата. Ако имате неродовно работно време или работите ноќни смени, обидете се барем повремено да преземете повеќе дневни смени.

 

Тестирајте се за токсоплазмоза

Заразната болест токсоплазмоза може да го загрози детето во последното тромесечије од бременоста. Жените кои во крвта немаат антитела на таа бактерија мораат подоцна во бременоста да ги избегнуваат сите можни преносители – тоа значи да се откажат од сирово и недоволно испечено месо, свежи колбаси и млечни сирења, темелно да ги мијат зеленчукот и овошјето, да не работат во градина со голи раце и да водат посебна грижа за хигиената при контакт со мачки.

 

Проветрете го просторот во кој живеете

Концентрацијата на штетни материи (на пример од бои и лакови за заштита на дрво) кои негативно влијаат на плодноста во затворен простор 50 – 100 пати е поголема отколку на отворен простор. Против тоа можете да се борите со редовно проветрување и намалено греење.

 

Внимателно со лубрикантите

При користење лубриканти, избегнувајте ги оние на база на масло. Тие влијаат на вагиналната зона и може да се случи сперматозоидите поради намалената подвижност да не можат да дојдат до јајоводот.

 

Внимавајте на прегревањето на тестисите

Долготрајните купки можат да го пореметат производството на сперматозоди. Плодноста на вашиот партнер многу зависи од температурата. Долготрајните врел купки, честото седење во сауни, но и теснииот долен веш или облека како велосипедски панталони, можат да доведат до прегревање на половите жлезди или можат да го пореметат создавањето на сперматозоиди.

 

Намалете го внесувањето лекови

Некои лекови можат негативно да влијаат на плодноста. На пример лековите против кашлица и настинка не влијаат само на намалување на слузта во носот, туку можат и да ја исушат слузта во половите органи. Ако морате редовно да земате лекови, поразговарајте за тоа со својот лекар.

 

Засега не планирајте далечни патувања

Ако сакате да затрудните брзи, не треба да се впуштате во далечни патувања. Со тоа се поврзани повеќе ризици – климатските промени кои го реметат вашиот менструален циклус, како и болестите кои воглавно се лечат со антибиотици можат да бидат пречка во бременоста. На тоа додајте го вакцинирањето против тропски болести, како на пример маларија, кое е големо оптоварување за вашето тело и поради тоа е строго забрането пред бременост. но, вакцините против хепатитис или тетанус, не се пречка за бременост.

Најново на форумот

  • No posts to display.