Ин витро...што? Корпус...каков? Лекарската терминологоја понекогаш ве доведува до очај. Еве кус преглед на некои медицински термини по азбучен ред, кој може да ви помогне на патот кон саканото бебе, а при тоа да не се изгубите во морето од непознати зборови.

Андроген – машки полов хормон.

Антитела – молекули белковини во имунолошкиот состав кои препознаваат, обележуваат и уништуваат туѓи тела во организмот.

Базална температура – телесна температура по будењето, но пред станување од кревет.

Биопсија – земање примерок од ткиво.

Варикочела – проширена вена на тестисите.

Ембрион – јајна клетка по спојување со главата од сперматозоидот до отприлика третиот месец од бременоста.

Ембриотрансфер – пренесување на јајната клетка во матката, по вонтелесно оплодување.

Ендометриоза – растење на ендометриумот (слузот) од матката надвор од неа.

Естроген – женски полов хормон одговорен за изградба на ендометриумот од матката и влажнење на грлото од матката.

Жолто тело (Corpus luteum) – жолтото тело се создава по овулација од остатокот на фоликулот и го создава женскиот полов хормон прогестерон.

Кламидија – вид бактерија која најчесто ги напаѓа половите органи.

Лапараскопија – абдоминоскопија.

Менотропин – FSH и LH кои се создаваат во урината на жена која е во климакс.

Овариум – јајник.

Овулација – плоден период од циклусот.

Предимплациска дијагностика (PID) –испитување на ембрионите за генетски аномалии, пред нивното вметнување во матката во тек на вонтелесно оплодување. Ова е забрането во Германија.

Прогестерон – хормон на жолтото тело кое ја подготвува слузницата на матката за вгнездување на ембрионот и помага во одржување на бременоста.

Пролактин – хормон на хипофизата одговорен за создавање на млеко по породувањето. Зголемениот пролактин може да биде причина за неплодност.

Спермограм – утврдување на број, подвижност и облик на сперматозоидите, со што се дознава за плодноста на мажот.

Тестостерон – машки полов хормон кој помага во изградба и созревање на сперматозоидите.

TSH – хормон на штитната жлезда.

Утерус – матка.

Фетус - плодот во матката од четвртиот месец на бременоста.

Фоликул – јајна клетка која не е порасната и созреана.

Пункција на фоликули – земање созреани јајни клетки од јајниците.

Фолитропин – прочистен, биотехнолошки произведен FSH.

FSH – хормон кој го поттикнува растот и развојот на јајните клетки.

HCG – хуман корионски гонадотропин заслужен за одржување на жолтото тело, а кај медицински потпомогнатото оплодување за поттикнување на овулацијата.

Хипофиза – ендокрина жлезда која ги ослободува хормоните на плодноста FSH и LH.

Циста – шуплина исполнета со течност.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.