Инсеминацијата е медицинска метода за потпомогнато оплодување која денес се употребува кај двојките кои имаат помали проблеми со неплодноста. Кога се препорачува оваа постапка за да се дојде до посакуваната бременост?

 

Ова е првиот и наједноставен начин за успех во борбата со неплодноста, бидејќи за неа не е потребно многу, освен донирање ејакулат од сопругот и негово внесување во телото на жената. При таа постапка процесот на оплодување се извршува сосема природно во телото на жената, а со постапката се помага средбата на машките и женските полови клетки интраутерално т.е во матката (ИУИ постапка) или интратубарно – во јајоводот (ИТИ постапка).

 

Кога инсеминацијата има најголеми шанси?

Споменататата постапка на инсеминација најчесто се спроведува кај двојки со едноставни проблеми со неплодноста. Се применува кај брачните парови кои имаат дијагноза на ејакуларна дисфункција или машка субфебрилност, кај кои постои проблематичен имунолошки фактор, цервикален фактор, ендометриоза која не ги зафаќа јајоводите или пак во случаи кога до природно оплодување не доаѓа иако партнерите се здрави.

Вообичаено матодот се применува токму во случаите кога жената е здрава (евентуално со помали проблеми со овулацијата), а поголем проблем постои со ејакулатот на партнерот, т.е кога во него има малку подвижни и нормални сперматозоиди (олигоастенозооспермија). Во случај кога кај партнерот не може да се пронајде ниту еден жив сперматозоид (азооспермија) во некои држави е дозволено инсеминација да се изврши со сперма од непознат донатор.

Постапката на инсеминација е лесна, но бара почитување на одредена процедура.

 

Како изгледа постапката на инсеминација за жената:

- Чекање на овулација без хормонална стимулација или стимулирање со хормони за подобра овулација, само во првите денови од циклусот (од 3 па натаму).

- Следење на развојот на јајце клетките во јајникот, неколку дена пред очекуваната овулација со помош на ултразвучен преглед на секои два дена (фоликулометрија).

- Инекција за регулирање на дозревање на јајце клетката која жената ја добива токму во одредено време, кое го одредува лекарот.

- Инсеминација отприлика ден и пол по инекцијата.

- Лежење по постапката на инсеминација најмалку половина час.

- Препорака од некои лекари – полов однос истиот ден и следните два дена.

- 14 дена по инсеминацијата тест преку крв односно одредување на нивото на бета ХЦГ, тест за бременост.

 

Постапка за мажот:

- Давање ејакулат на денот на инсеминација.

- Препорака од некои лекари – полов однос истиот ден и следните два дена.

 

Успешноста на постапката на инсеминација зависи од многу фактори кои не е лесно секогаш да се согледаат и откријат. Некои познати фактори докажано е дека можат да ги намалат шансите за успех. Пред сè тоа се поголема возраст на партнерите, лош квалитет на сперматозоидите или јајце клетките, сериозни случаи на ендометриоза или тешки оштетувања и хронично воспаление на јајоводите. Поради тоа инсеминацијата кај некои двојки доведува до бременост веднаш по првата процедура, а кај некои се потребни повеќе пати или пак воопшто нема да дојде до зачнување. Ако оваа метода по повеќе обиди не резултира со бременост, брачните партнери се упатуваат на други методи за помогнато забременување т.е инвитро фертилизација.

Најново на форумот

  • No posts to display.