Во Македонија постои можност за ИВФ – бременост со вештачко оплодување, но истовремено постојат одредени ограничувања. Во некои држави, постојат терапии кои се извршуваат, за да им се помогне на жените да забременат

 

Пренос на бластоцити

Наместо како во случајот со ИВФ, да се вметнат во матката ембриони со околу 8 развиени клетки, се чека да созреат до фаза бластоцит. Тоа се ембриони меѓу четвртиот и седмиот ден од развојот, кои веќе развиле различни типови клетки. До тој период во епрувета се развиваат само најдобрите ембриони. По анализа во матката се внесуваат само оние кои имаат најголеми шанси. Дозволен е во Австрија и Холандија. Цена – во рамките на ИВФ процесот околу 3 000 евра.

Донирање јајце клетки

Со ова жените кои поради возраста или хормонски пореметувања немаат плодни јајни клетки, можат да го исполнат сонот за дете. Донаторката се подготвува со хормонска терапија, со пункција се земаат јајце клетките. Потоа тие се оплодуваат вештачки со спермата од од мажот и се враќаат во матката на жената примател. Дозволено е во Шпанија и Чешка. Цена – зависи од клиника до клиника меѓу 3 000 и 10 000 евра.

Предимлатациска дијагностика

Со оваа метода гените на ембрионот се испитуваат пред да се внесе во матката. Ембрионот се одгледува повеќе денови, во вештачки услови. За генетската анализа по правило се земаат две клетки од ембрионот, се анализираат неправилната делба на нивните хромозоми или специфичните дефекти во гените. Ако наодот не е сомнителен, ембрионот се всадува во матката. На тој начин може да се докажат над 50 неправилности во гените. Долго време се поаѓало од тоа дека тие истражувања не се штетни за ембрионот. Во меѓувреме првите детални анализи покажале дека анализирањето јајце клетки сепак предизвикува одредени пречки во развојот и подоцна тие бремености имаат поголем ризик за лош крај. Дозволено е во Белгија и Полска. Цена – околу 2 000 евра ( приближно 4 000 евра вклучувајќи ја и ИСЦИ- интрацитоплазматската инекција со сперматозоиди).

 

Најново на форумот

  • No posts to display.