Освен ако не сте девојка, која за прв пат има незаштитен секс со момчето, забременувањето во подоцнежните години може да биде голем предизвик

Соединувањето на јајце клетката и сперматозоидот изгледа како многу едноставен процес, но за него е потребна голема прецизност, која се мери во секунди. Во минатото, кога мајката природа си го правеше своето, девојките почнуваа да раѓаат бебиња во своите тинејџерски години и без проблем раѓаа деца до четириесеттите години. Тогаш најчесто нивните репродуктивни органи стигнувале во фаза на стареење или пак жените умирале од најобични болести, кои денес се лечат со антибиотици. Но сега со напредокот на медицината, користењето на средства за контрацепција, жените живеат подолго, а истовремено можат да го одложуваат раѓањето деца со децении.

Парадокс на стареењето

За жал, мајката природа нема време да го адаптира организмот на жената во однос на другите промени, па жените во 40тите имаат проблем со забременувањето. Еднаш кога ќе се јави нередовен циклус, тоа е знак дека овулацијата е нередовна. Исто така се намалува виталноста на нејзините јајце клетки, што доведува до повеќе спонатни абортуси или хромозомски абнормалности. Освен тоа со тек на годините кај жената поверојатно е да се појават цисти, ендометроза, фиброиди, кои се пречка плус до исполнување на сонот.

Тоа сепак не значи дека жените во 40тите години не можат да забременат и да родат убаво, здраво бебе. Туку само значи дека таа мора поупорно да се бори со природата, што не е лесно како кога станува збор за борба против другите знаци на стареење.

 

Еве неколку предлози кои можат да ви помогнат, ако сте во 40тите години и се обидувате да забремените.

 

1. Отидете кај специјалист за оваа проблематика, веднаш штом ќе решите да имате бебе. Така ќе дознаете каква е состојбата на вашите репродуктивни органи и колку сте плодни. Вашиот партнер исто така треба да ја провери својата плодност, оти сепак во ова сте заедно. Додека сте кај лекарот, распрашајте се убаво за третманите кои може да ви помогнат во остварување на целта, како хормонски инекции, ИВФ и др.

2. Бидејќи жените во 40тите можат да имаат поизразени варирања на хормоните, што води до нередовен циклус, важно е да знаете кога овулирате. Затоа прашајте го лекарот за начинот на кој можете да си ја одредите овулацијата.

3. Бидете позитивни. Негативното влијание и стресот, само дополнително ја влошуваат состојбата. На пример, можеби имате нередовен циклус, но голема е веројатноста секој месец да исфрлате повеќе од една јајце клетка, што ги зголемува шансите за бременост.

 

И, да, веројатноста за спонтан абортус или хромозонски проблеми е поголема сега, отколку кога бевте млади, но не заборавајте дека веројатноста да биде сè во ред, е далеку поголема од можноста нешто да тргне во погрешна насока.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.