Оние кои го слушнале советот за забременување „опушти се и ќе се случи“, сигурно се прашуваат дали стресот навистина е толку моќен, да го спречува исполнувањето на нивниот сон.

Одговорот е – да, сè повеќе истражувања ја потврдуваат врската меѓу стресот, анксиозноста, депресијата и стерилитетот.
Прво, кога сте под стрес, сигурно го избегнувате сексот, што е првата пречка во забременувањето. Исто така сосема е веројатно дека поради стресот ќе посегнете по цигари и алкохол, кои се познати како најнегативните фактори за забременување.

 

Кај некои жени хроничниот стрес може да влијае на овулацијата (праќајќи сигнали до хипоталамусот, центарот во мозокот задолжен за регулација на хормоните кои ги поттикнуваат јајчниците да ослободат јајни клетки секој месец). Жените под постојан стрес, имаат послаба и нередовна овулација, што е уште еден фактор во намалување на можноста за забременување. Исто така докажано е дека стресот кај мажите подеднакво влијае и на продукцијата на спермата.

Според некои истражувања стресот има уште едно негативно влијание – предизвикува проблеми со оплодувањето и импантацијата на оплодената јајце клетка во матката. Студијата направена на Универзитет во Калифорнија, открила дека жените кои се под стерс и одат на ин витро метод за забременување, имаат послаб успех, за разлика од жените кои се порелаксирани.
Поради тоа се предлага, кога жената се подложува на ваков медицински асистиран метод за забременување, да и` се помогне да го надмине стресот, што ќе ги зголеми нејзините шанси за бременост.

Најново на форумот

  • No posts to display.