Состојки:
- 800 гр брашно, 1 шоља млака вода, 1 шоља млако млеко, 1 мало филџанче масло (отприлика 1/2 голема шоља), 2 белки, 1 коцка квасец (40 гр), , 1 голема лажица шеќер, 2 големи лажици сол
За премачкување:
- 2 жолчки, 1 мала лажичка маџун (или мед), сусам, лен, афион, чиа...

Приготвување: 
Во еден сад ставете ги течните состојки, белките, шеќерот и солта. Додајте го издробениот квасец и промешајте да се растопи. Потоа додавајте го бршаното и месете тесто.  Оставете го да стаса на топло. Размесете го малку, па префрлете го на работна маса која добро сте ја намрсиле со масло. почнете со рацете да го развлекувате тестото да добиете голема кора со дебелина отприлика 1/2 см. Потоа земете од маргаринот и распоредете убаво на секаде. Преклопете го долниот дел од кората, ама до половина на тестото. И над него нанесете од маргаринот. Потоа повлечете го горниот дел од тестото и преклопете го над него. Со рацете развлечете го малку, па повторно нанесете од маргаринот на пола кора. Преклопете го тестото уште еднаш и раце развлечете го во голема правоаголна кора. Со нож исечете го на еднакви ленти. Секоја лента преклопете ја на пола, развлечете ја со рацете и завиткајте ја во спирала, па формирајте ѓеврече. Наредете ги во подмачкан плех. Горе намачкајте ги со мешавина од маџун и жолчки. Посипете со семиња и печете.

Детален опис на постапката за формирање на тестото има во следниот ЛИНК

Најново на форумот

  • No posts to display.