Состојки:
1 тазе квасец, 1 лажичка сув квасец, 250 мл млако млеко, 250мл вода, 150 мл масло, 3 лажици шеќер, 1 и1/2 лажица сол, брашно по потреба
За мачкање: 1 жолчка, 1 лажица маџун, сусам, маргарин

Приготвување
Измешајте ги млекото, водата, солта, шеќерот, сувиот квасец и додајте го стасаниот тазе квасец, додајте 10 лажици брашно измешајте и оставете ја смесата да стасува 20 мин. Потоа додајте го маслото и брашно по потреба, да добиете средно меко тесто. Оставете да стаса (дупло да се зголеми волуменот). Размесете и поделете го на топчиња од по 150 г (мерете ги на вага ако сакате еднаква големина и треба да добиете 10 парчиња). Наредете ги во плех обложен со хартија за печење и малку со рака сплескајте ги одозгора. Премачкајте со смеса од 1 лажица маџун и жолчка, посипете обилно до сусам и на секое лепче ставете по една мала коцка маргарин. Печете 10-15 мин во рерна загреана на 210 степени.

Најново на форумот

  • No posts to display.