Состојки:
- 1 парче пилешко бело месо, 1 црвена бабура, 1 зелена бабура, 1 жолта бабура, 50 г млада боранија, 1 кромид, 2 моркова, маслиново масло, соја сос, чили сос, магдонос, сол, обарен ориз за прилог
Приготвување:
Во еден сад ставете го оризот да се вари на пареа. За тоа време исчекајте го пилешкото на помали парчиња, зачинете го со малку сол и ставете го кратко да се пржи на маслиново масло. Зачинете го со чили сос и магдонос, па оставете го во поклопен сад 5-10 мин. Зеленчукот освен боранијата исечкајте го на средно крупни парчиња. Во сад на маслиново масло ставете прво да се пржи кромидот, потоа додајте го морковот, па пиперките и на крај боранијата. Пржете на висока температура кратко време. Зачинете со соја и чили сос, поклопете и нека стои неколку минути да се соединат зачините. Потоа измешајте го со пилешкото месо. Во готовиот ориз додајте една коцка путер за да не се лепат зрната и да добијат сјај. Измешајте го со месото и зеленчукот и послужете.