Доаѓа летниот период, кога температурите се високи, а на нашиот организам му треба освежување и ладење. Можете да приготвите ледени овошни сокови, леден чај, студени десерти. Денес ви предлагаме да го погледнете изборот кој го нуди сајтот Гурман - три едноставни рецепти за летни освежителни пијалаци

Кремасто ледено кафе со сладолед

Сoстојки:

- 200 мл ладно кафе, малку цимет, 3 лажици слатка павлака,  топка сладолед

Приготвување:

Во висока чаша ставете топка сладолед од кафе или чоколадо. Кафето сварете го со цимет и изладено прелијте го преку сладоледот. Направете малку сладолед и декорирајте.

 

Шумско фрапе со малини и шлаг

Состојки:

- 10 јагоди, рака малини, 250 мл млеко, една лажица лимонов сок

Приготвување:

Јагодите и малините изматете ги со миксер. Потоа, додадете 1 лажица кафен шеќер или мед, млеко, сок од лимон и две коцки лед. Добро измешајте со миксер и украсете со шлаг и малини.

 

Леден чај од нане

Состојки:

- ½ лимон, лажица чај од нане, 2 лажици овошен чај,  лажица зелен чај

Приготвување:
Исечете го лимонот на кришки и заедно со 4 лажици шеќер и литар вода сварете ја течноста. Варете што е можно повеќе за лимонот да испушти повеќе ароми. Тргнете од оган и потоа додадете ги чаевите. По 10-тина минути процедете и складирајте го во фрижидер за да се олади.

Преземено од Гурман

Најново на форумот

  • No posts to display.