Состојки:
- 300 г пишкоти, 400 мл сварено јако кафе, 200 г маскарпоне, 500 мл слатка павлака, 150 г прав шеќер, 1 ванилин шеќер, 3 лажици какао прав 

 

Приготвување:
Прво сварете го кафето, за да може да се излади и да се оддели талогот кој ќе го фрлите. Во еден сад изматете ја слатката павлака со прав шеќерот и ванилата. Додајте го маскарпонето и миксирајте додека се соедини смесата. Пишкотите редете ги на правоаголнест сад па одозгора прелејте ги со кафе да се натопат. Премачкајте со филот, па повторете ја постапката со пишкотите. Секогаш редете ги еден ред хоризонтално друг вертикално за да биде стабилна тортата. Кога ќе завршите премачкајте ја целата торта со останатиот фил посипете со какао во прав и оставете да се стегне во фрижидер. 

Најново на форумот

  • No posts to display.