Состојки (за 11 парчиња):

- 11 мали цветови од брокули (доволно мали да можат да влезат во калап за мафин), 170 г пченкарно брашно, 120 г обично бело брашно, 1 лажица шеќер, 1 лажица прашок за печиво, ½ лажичка сол, ½ лажичка чили во прав, 310 мл млеко, 1 јајце, 75 мл масло, 40 г рендан кашкавал (пармезан или грана падано)

 

Приготвување:

Ставете ги цветовите од брокули да се бланшираат 3 минути во врела посолена вода, потоа измијте ги веднаш под ладна вода и исушете ги на кујнска крпа. Измешајте го во еден сад пченкарното брашно со обичното, шеќерот, прашокот за печиво, солта и чилито во поголем сад. Додајте го млекото, јајцето и маслото, па измешајте да се поврзат состојките. Додајте го ренданиот кашкавал. Во сад со калапи за мафини ставете по една полна лажица од смесата, а потоа во секоја ставете по едно парче бланширана брокула. Притиснете да пропаднат надолу (но не премногу), па прекријте ги со уште една лажица од смесата. Ставете да се печат 20 минути во рерна загреана на 180 степени. Нека се изладат 5 минути пред да ги извадите да се изладат целосно на метален сталак.

Најново на форумот

  • No posts to display.