Состојки:  
- 1 кора од обланда
За првиот фил: 
-110 г шеќер, 200 мл вода, 155 г мелени бисквити
За вториот фил:
- 105 маргарин, 5 лажици вода, 105 г шеќер,  95 г млеко во прав, 4 лажици кокос, 50 г бело чоколадо

Приготвување:
Карамелизирајте го шеќерот па додајте ја водата и бисквитите. Измешајте да добиете хомогена смеса и премачкајте по кората од обланда. Стопете го маргаринот на тивко, додајте ја водата, измешајте додека се стопи шеќерот. Додајте му го млекото во прав помешано со кокос, измешајте и додајте го стопеното чоколадо, па рамномерно рапоредете над првиот фил и завиткајте во ролат. 

Најново на форумот

  • No posts to display.