Состојки: 

- 200 г тиква, 1 чаша ориз (најдобар е арборио ориз), 1 главица кромид, 4 лажици путер, 1/2 чаша бело вино, 50 г пармезан, сол и црн пипер 

 

Приготвување: 

Сто грама од тиквата обарете ги, а останатите 100 г исечкајте ги. Во длабока тава загрејте 2 лажици путер, потоа додајте го сечканиот кромид и пржете додека омекне. Додајте го оризот, сечканата тиква и измешајте. Зачинете со сол и црн пипер по вкус.
Додајте го виното и динстајте додека се впие течноста. Потоа додавајте топла вода по 2 и 1/2 чаши и секој пат мешајте и динстајте додека се впие течност, па одново додајте иста количина вода. Вака правете додека омекне оризот. На крај додајте го преостанатиот путер, пармезанот и сварената тиква. Промешајте и послужете.

Најново на форумот

  • No posts to display.