Пицата има култен статус и е омилен специјалитет, а подготовката на тестото е најважниот дел за да биде вкусна. Пица мајсторите откриваат дека најважно е како се меси тестото и како се пече. Значи пред да ја печете пицата, рерната мора да е загреана на 230 степени и готовата пица да ја ставите внатре да се пече само 10 минути. Ако сте ставиле зеленчук малку продолжете го времето, поради водата која ја пушта.

 

За тестото
- 600 г брашно
- 250 мл топла вода
- 50 мл маслиново масло
- 1 свеж квасец
- лажичка шеќер
- лажичка сол

Приготвување
Во топлата вода ставете го квасецот со шеќерот и оставете го да нарасне. Смесата ставете ја во брашното, додајте го маслото и замесете тесто. Оставете го да одмори три часа, па потоа расукајте го во дебелина еден сантиметар и филувајте го. Печете 10 минути во загреана рерна.

Најново на форумот

  • No posts to display.