Состојки:
За кората: 1/4 чаша мелени ореви, 1/4 чаша семе од сусам, 1/4 чаша кокосово брашно, 1/2 чаша урми, 1 лажица семе од лен, 1 лажичка кокосово масло, 1-2 лажици безмасно млеко ( или растително по избор)

За филот: 1 средно јаболко, сечкано, 5 суви кајсии, 1 лажица јаворов сируп, 1/2 лажичка цимет, 1-2 лажици сок од лимон, 1 лажица семе од чија, 1/4 чаша суво грозје, прстофат сол

 

Приготвување:

За да ја направите кората, сите состојки ставете ги во блендер и мискајте додека се соединат. Извадете го тестото од блендерот и формирајте топка, па оставете го на страна додека го правите филот.
За филот сите состојки, освен сувото грозје, изблендирајте ги кратко додека добиете хомогена смеса. Тестото ставете го меѓу два листа хартија за печење и развлечете го со сукало во правоатолна форма. Над него нанесете го филот и посипете со суво грозје. Завиткајте во ролат. Оставете да стои во фрижидер да се стегне пред да го послужите.

Најново на форумот

  • No posts to display.