Сoстојки:
За сосот:
- 2 лажици маслиново масло, ½ главица кромид, сечкан, 1 чаша вода, 1 чаша доматен сос, 

 

За ќофтињата:
- ½ главица кромид, сечкан, 1 чешне лук, ½ лажичка црвен пипер, 2 лажички ким во прав, ½ лажичка црн пипер, ½ лажичка сол, 2 лажици сечкан магдонос


Приготвување
Во сад измешајте го месото со кромидот, магдоносот и зачините, па измесете го да добиете хомогена смеса. Покријте го садот и оставете ја смесата во фрижидер. За тоа време ставете го маслиновото масло во тава на оган и додајте го сечканиот кромид да се пржи. Кога ќе омекне додајте го доматниот сос, водата и сол по вкус. Варете на средна темепратура додека почне да врие. Потоа намалете ја температурата и оставете да се вари на тивко. Од месото формирајте ќофтиња и полека додавајте ги во садот со сосот кој се вари. Оставете да се варат ќофтињата 20тина минути, без мешање. Кога ќе е готово послужете топло, со салата по вкус и со варен кускус како прилог.

Најново на форумот

  • No posts to display.