Состојки
- 100 г шеќер, 100 г путер, 2 јајца, 100 г брашно, ½ лажичка пециво, 1 лажица млеко

 

За филот
- 200 г слатка павлака, 1 лажица екстракт од ванила, 3 лажици прав шеќер, малинки, боровинки или др. бобинки, прав шеќер за посипување

Приготвување
Во еден сад измешајте ги путерот, шеќерот, јајцата, брашното, прашокот за пециво и млекото. Матете со миксер додека добиете кремаста смеса. Поделете ја смесата во калапи за мафини обложени со хартиени чашки и печете ги во рерна загреана на 190 степени 15-20 минути. Готовите колачи ставете ги да се изладат. За филот измешајте ги во еден сад павлаката, екстрактот од ванила и прав шеќерот. Со нож засечете ја горната површина од колачињата како капаче, па направете дупка и наполнете ја со фил. Капакот поделете го на два дела и ставете ги во филот како крила од пеперутки. Украсете со боровинки и малинки на средината. Посипете со прав шеќер.

Најново на форумот

  • No posts to display.