Состојки
- 200 г листови од млад спанаќ, 800 г пасирани домати , 150 г шпаргли, 250 г рикота, 125 г моцарела, 1 кутија лазањи, 2 страка праз, 25 г путер, 2 чешниња лук, 1 лажица шеќер, 500 мл млеко, 75 г пармезан, 2 лажици брашно, 2 лажици маслиново масло, 1 лажица вински оцет

Приготвување

Загрејте половина од маслиновото масло и додајте го здробеното лукче да се пржи една минута, па додајте ги доматите, оцетот и шеќерот. Зачинете со сол и црн пипер и гответе 10 минути. Спанаќот кратко обарете го во посолена вода, исцедете го и изладете го. Стопете го путерот во сад, додајте го брашното и пржете 1-2 минути. Додајте го млекото и варете со повремено мешање додека добиете густа кремаста смеса. Во ова додајте пола од пармезанот.

Испржете го сечканиот праз во остатокот од маслиново масло, додека омекне. Намалете ја температурата, додајте ги шпарглите и пржете 2 минути. Префрлете го во садот со спанаќ, додајте ја рикотата, зачинете по вкус со сол и црн пипер, па промешајте. Обарете ги корите за лазањи во посолена вода. Земајте по една кора, во нејзе ставајте од филот и виткајте ролни односно канелони. Наредете ги во тавче подмачкано со масло, а на секој ред канелони ставајте од доматниот сос и бешамелот. Кога ќе завршите, полејте со останатиот доматен сос, па бешамел и на крај посипете со рендан пармезан. Искинете ги парчињата моцарела и распоредете ги горе. Ставете да се пече 20 – 30 минути во загреана рерна

Најново на форумот

  • No posts to display.