Состојки

- 2 големи компир, 1 лажица маслиново масло, 75 г кељ, 6 јајца, 75 мл полумасно млеко, сол

Приготвување

Ставете ги компирите во вода да се варат додека омекнат (8-10 минути). Потоа исцедете ги и исечкајте ги на коцки или кругови. Загрејте го маслото во тава и додајте ги сечканиот кромид и кељ. Пржете ги 7-8 минути на средна температура, па додајте ги компирите. Во друг сад измешајте ги јајцата, млекото и малку сол. Додајте ја смесата во тавата, покријте ја и нека се готви 7-8 минути. На крај ставете го садот во загреана рерна 1-2 минути, додека се испечат состојките.

Најново на форумот

  • No posts to display.